Ивона, принцеза од Бургунд - Меѓународен фестивал „Гомбрович“
Опис
Ополномоштен Министер Мариуш Бримора го прими во Амбасадата г. Дарко Спасов, кој деновиве го завршува својот мандат како директор на Театар Комедија – Скопје.
Средбата беше можност да му се изрази благодарност за исклучителната соработка меѓу Театар Комедија и Амбасадата на Република Полска. Во рамките на оваа соработка, театарот, меѓу другото, ја постави македонската премиера на драмата „Ивона, принцеза од Бургунд“ од Витолд Гомбрович. Со поддршка и заложба на Амбасадата, Театар Комедија доби покана да учествува на овогодишниот Меѓународен фестивал „Гомбрович“ во Радом, Полска, каде што на 11 октомври ќе настапи токму со ова драмско дело.
