Отворање на фестивалот „Денови на комедија“
Опис
Нашиот првенец Игор Џамбазов – добитник на наградата „Васил Иљоски“ 🏆
Нашиот првенец Игор Џамбазов е годинашен добитник на наградата „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност, која ја доделува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.
Признанието му се доделува за неговата исклучителна актерска дарба, препознатливиот хумор и повеќедеценискиот придонес кон македонската театарска и културна сцена.
Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на 23 септември 2026 година, на отворањето на фестивалот.
