Предавања и работилници

Зелен однос кон светот: разговор за нефикциски книги за екологијата

Зелен однос кон светот: разговор за нефикциски книги за екологијата

Опис

ЗЕЛЕН ОДНОС КОН СВЕТОТ: разговор за нефикциски книги за екологијата (21.8., 19 часот) Драги пријатели, на 21 август во 19 часот се собираме во дворчето на книжарницата „Илика“ за да разговараме на еколошки теми. Зaгадените реки, шумите што горат, бурите што покосуваат и екстремно високите температури периодов се актуелни во локалните вести, кои се слика на фрапантните последици од човечкиот немарен однос кон природата на светско ниво. Како реагираме на тоа? Дали знаеме доволно? Кои се водечките размислувања во светот во поглед на односот на луѓето кон животната средина? Каква е поврзаноста на капитализмот, (не)еднаквоста, (не)праведноста и нашиот зелен однос кон светот, читајќи го тоа „зелен“ целосно двосмислено? Што е постигнато колективно на ниво на теорија, а што можеме да направиме на локално и лично ниво за да скршнеме од апокалиптичната патека по која се движи забрзаниот воз на климатските промени? На овој настан, Наташа Атанасова ќе разговара со преведувачите и активисти Андријана Папиќ Манчева и Здравко Савески за нивните преводи на нефикциски книги од областа на екологијата, екосоцијализмот, екофеминизмот.., какви перспективи се нудат, што можеме да научиме од нив и какви промени се потребни за да ја спасиме планетата Земја.

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани