Опис
Успехот не е среќа, ниту случајност. Е психологија — и може да се научи.
На 26 септември 2026, во најрепрезентативниот амбиент во државата — Музејот на македонската борба во Скопје — Зоран Салопек одржува предавање во живо за психологијата зад вистинскиот успех. Автор на две книги, ментор и предавач чии предавања ги полнат салите низ регионот, Зоран со години им помага на луѓето да го стишат егото, да созреат емоционално и да го најдат својот пат.
Ова не е вечер за мотивациски цитати. Ова е вечер за одлуки.
Не доаѓај ако мислиш дека веќе сè ти е под контрола, ако веруваш дека успехот е чиста среќа, или ако бараш кратки фрази наместо вистинска промена. Но ако си спремен да престанеш сам на себе да си пречиш — ова е твојата вечер.
ШТО ЌЕ ОДНЕСЕШ ДОМА
* Го препознаваш егото — како да го видиш и стишиш егото што те кочи, приватно и професионално.
* Емоционална зрелост — одговор наместо реакција; како да созрееш кога другите остануваат на исто.
* Крај на страдањето — како да го отстраниш страдањето што најчесто сам си го создаваш.
* Својот пат — како да откриеш каде навистина одиш, наместо да живееш туѓо сценарио.
* Вистински успех — психологијата зад самореализацијата и успехот што трае.
КОЈ Е ЗОРАН САЛОПЕК
Автор, ментор и предавач кој спојува искуство, наука и најдлабоките прашања на човечкото постоење. Основач е на Меѓународниот институт за емоционална зрелост и на Level Up! Академијата на мудроста, и автор на бестселерите „Небодер на животот" и „Его, љубов, вистина". Неговиот пристап е холистички — спојува филозофија, психологија и духовност во целина што нуди јасни, логични одговори на најдлабоките животни прашања.
Повеќе за целиот настан може да погледнеш на www.benext.mk [http://www.benext.mk/]
ТЕК НА ВЕЧЕРТА
* 18:00 — Доаѓање и добредојде (регистрација, кафе, заземање место)
* 18:30 — Психологија на успех (главното предавање)
* 19:45 — Пауза
* 20:00 — Прашања и одговори
* 20:45 — Дружење и потпишување книги (до 21:00)
Термините се ориентациски и може малку да се поместат.
ДЕТАЛИ
* Датум: сабота, 26 септември 2026
* Време: 18:00 – 21:00 ч
* Место: Музеј на македонската борба, ул. 11 Март бр.1, Скопје
* Јазик: српско-хрватски, целосно разбирливо за македонската публика
* Времетраење: околу 2 и пол до 3 часа
* Паркинг: достапен во непосредна близина на музејот
* Книги: книгите на Зоран ќе бидат достапни за купување на настанот
КАРТИ
* Рана цена — 2.500 ден (првите 50 карти)
* Редовна цена — 3.000 ден (следните 100 карти)
* Последна цена — 3.500 ден (последните 50 карти)
* ВИП карта — 4.500 ден — седење во првите два реда, потпишана книга од Зоран и приватен коктел по настанот само за ВИП гостите
Ограничен број места. Кога ќе се пополнат, толку.
