Настани за деца

ЧУВАРИ НА УЛИЦАТА

ЧУВАРИ НА УЛИЦАТА

Опис

Замислете улица каде што децата се вистинските херои – мали чувари кои со песна, игра и знаење ја прават својата средина побезбедна. Претставата ги претвора најважните сообраќајни правила во авантура, каде што семафорот зборува, знаците оживуваат, а публиката станува дел од една сообраќајна мисија. Учиме преку театар! Низ песна, хумор и игра, ќе научиме: * Како правилно да се движиме на улица? * Зошто треба да ги почитуваме сообраќајните знаци? * Како да се грижиме за себе и нашите другари на улицата? На крајот, секое дете ќе добие симболична диплома и титула „Чувар на улицата“!

© 2026 Сите Настани