Изложби и саеми

"Чудни гости“ - Тијана Митевска

"Чудни гости“ - Тијана Митевска

Опис

Секоја зима, ширум светот, духови од постари времиња зачекоруваат по улиците, облечени во партали, со глави од слама или животински черепи, и носејќи ѕвона полека се движат низ зимските пејсажи, пеејќи песни од едно далечно сеќавање. Во маските и обредите на Стара Европа се појавува нешто необично и туѓо, како да припаѓа на некој друг, одамна исчезнат свет. Сепак, географски оддалечените пејсажи често кријат исти траги. Фотографиите се дел од долгогодишно истражување на заборавени пејсажи и маскирани традиции во Македонија и Европа, реализирано преку индивидуална теренска работа како и проектот „Echoes of a Forgotten World“, поддржан од UNESCO CC4WBs, кој ги открива невидливите врски меѓу старите обреди од Итурен до Вевчани и од Науса до долината на Соча. Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар. ------------------ Тијана Митевска е фотограф, режисер и истражувач на се што е чудно и несекојдневно. Дипломирала филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и работи како независен автор, создавајќи документарни и кратки филмови, а паралелно развивајќи и сопствен фотографски израз. Последните години нејзиниот интерес е насочен кон културното наследство и зимските маскирани ритуали во Македонија и пошироко во Европа, кои ги истражува и документира низ фотографија.

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани