Опис
По подолга пауза, на 🗓 30.08.2026, 🤖 ORE WA GUNDAM CREW се враќа во нашето сакано 📍 BASE42 | 42.mk - Base42. Патувавме малку и гостувавме наоколу, убаво ни беше, но едвај чекавме да си дојдеме „дома“ во базата.
На овој десетти собир, исто како и на секој претходен, добредојдени се сите gundam builders и заинтересираните кои допрва сакаат да се приклучат...или само да се дружат и да гледаат.
Што ќе правиме:
👉🏼 Ќе склопуваме Gundam модели.
👉🏼 Ќе се дружиме.
👉🏼 И оваа работилница, доделуваме Gundam на лице место, на посетител по случаен избор, во чест на нашиот пријател Марко Николовски – Хесус. 🎁
⚠️ Правила за учесници:
✅ Број на пријавници: 20
✅ Пријавата е на следниот линк: https://forms.gle/J4bQmcpMvzkTnfZQ7
✅ Секој учесник носи свој Gundam model и алат за работа (клештички, x-acto ноже, итн).
✅ Понесете си пијалок/грицки по желба.
ℹ️ Заинтересираните можат да се зачленат и на Discord серверот за повеќе информации и учество во дискусии поврзани со Gunpla и Gundam 🔗на следниот линк: https://discord.gg/jFPZvV8KDw.
Со нетрпение ве очекуваме:
🗓 На 30.08.2026.
🕛 Во 12 ч.
📍 Во 42.mk - Base42
📢 По повод нашето враќање во Base42, нашиот пријател, соработник и член на клубот Funkogram, од моментот на објавување на овој пост, нуди код за 10% ПОПУСТ, кој што ќе трае до крајот на овој месец. 🎊
👉🏼 Кодот е: BACKTOBASE10 (ако имате некаков проблем со кодот, исконтактирајте го Funkogram во порака).
Се гледаме, дечки! 🫶🏻
