Петти собир на филмскиот и книжевен клуб „Пат кон Истокот“
Опис
🗓 На 20.09.2026 (недела), со почеток во 12 часот во 📍Центар Јадро | @centarjadro, ќе се одржи петтиот собир на филмскиот и книжевен клуб „Пат кон Истокот“ во организација на Пагода и Друштвото за македонско-јапонско пријателство и соработка.
📖 На оваа средба ќе разговараме за јапонскиот роман „The Lantern of Lost Memories“ (たとえ祈りは届かなくても) од авторката Sanaka Hiiragi, а домаќинка на дискусијата ќе биде Катерина Димовска | @justt_kate_. 🇯🇵
✨️✨️✨️
👉🏻 „Пат кон Истокот“ е книжевен и филмски клуб од отворен тип, создаден за љубителите на литературата и филмот од земјите на Источна Азија.
🔹 Книжевниот дел од клубот е посветен на автори од Источна Азија – нивно читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици.
🔹 Филмскиот дел вклучува проекции и анализи на филмови од Источна Азија, често поврзани со книжевните наслови што ги обработуваме.
📢 Од оваа средба, по барање на мнозинството членови на клубот, средбите ќе се одржуваат на секои два месеци наместо на секои три месеци. Домаќинот го предлага насловот, како и начини за набавка на книгата. Доколку не може да се обезбеди печатено издание, може да се користи и дигитална верзија на било кој јазик.
ℹ️ Сите најави за книгите, филмовите и состаноците ќе бидат објавувани преку нашите социјални мрежи.
👥 Членството е отворено за сите што се заинтересирани за источноазиските книжевности и култури. Присуството е добредојдено и без претходно прочитана книга, иако се препорачува за поквалитетна дискусија. Членството е бесплатно, а донациите се секогаш добредојдени.
Огромна благодарност до нашиот медиумски покровител Bookbox | off.net.mk.
#journeytotheeast #bookclub #booklovers #thelanternoflostmemories #sanakahiiragi
