Опис
„Кога човек денес ќе го погледне светот, се прашува – можна ли е воопшто театарска претстава? На театарската сцена на планетава се лее масовно крв, како да е сок од капини на театарската сцена. А сокот од капини е само симулација на крв. И целиот свет, и Исток и Запад, се повикува на општочовечки вредности, а сите се управуваат според начелото на егоизмот – сѐ за мене и ништо за другите. Сокот од капини е општочовечка вредност, крвта не е – таа е најличен отпечаток на една посебна личност и нејзиниот најприватен живот, и затоа сите имаме своја лична лабораториска крвна слика. „Мачкина глава“ ме привлече зашто ја открива таа измама – која „општочовечка“ денешна идеја и идеологија води сметка дека уништува персоналитети, индивидуи, посебни и неповторливи личности? Денес живееме во свет кој едно проповеда (митот за светското братство), а друго прави – идејата за светско братоубиство, во невидени размери. Колективни Каин и Авел. Дополнителен предизвик ми беше што текстот е напишан со желба да видиме како би изгледало „Диво месо“ на големиот Горан денес? И за крај: ако светот прави едно, а проповеда друго, тогаш тој е мачкина кашлица. Која е главата на таа безвредна ситуација? Кој кашла? Мачкината глава, една и иста, без лична физиономија. Се разбира, тие идеи на текстот јас ги кодирав во мој сценски јазик. Не ја сакам неизвесната прогноза „ќе видиме што ќе излезе“, затоа велам – ќе видите што ќе излезе. Театарот, како дел од светот постои за народот, а не обратно: не постојат народите (и неповторливите личности) за да учествуваат во трагичниот театар на нашиот свет.“ – Дејан Пројковски
Автор:
Венко Андоновски
Режисер:
Дејан Пројковски
Сценограф:
Валентин Светозарев
Костимограф:
Марија Пупучевска
Асистент на костимографот:
Марија Ѓоргиевска
Скулптор:
Ангел Петровски
Музика:
Горан Трајкоски
Фотограф:
Драган Гајиќ
Дизајнер на плакат:
Горјан Донев
Инспициент:
Жарко Намичев
Суфлер:
Милка Анчевска
ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/machkina-glava/]
Актери
Александар Степанулески
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Златко Митрески
Игор Ангелов
Предраг Павловски
Рубенс Муратовски
Сања Арсовска
Сара Климоска
Филип Трајковиќ
