Опис
Таксират има нов дом.
Започна во МКЦ, далечната 99 година.
Веќе следната година се пресели на Скопски саем, од кој денес останаа само фактот дека е срушен и лагата дека Скопје ќе добие нов саем. Бевме верни, до првиот багер, цели 17 години.
Немавме друг избор, па се преселивме во „Борис Трајковски“. Но, дојдоа некои нови дечки (читај: директори), кои не ги почитуваат ниту историјата, ниту традицијата.
Нејсе, сè е навика. Поминаа и министри, градоначалници и директори версус стотиците илјади луѓе што поминале низ портите на Таксират за 27 години.
СЦ „Јане Сандански“ е нашиот нов дом. Во две сали повторно ќе играме. Позитивно.
А Таксират не е само една вечер. Почнуваме на 26 ноември со ПИН музичката конференција, тука е Лузер фест и потрагата по најдобриот нов млад бенд, соло-концерти на македонски артисти и неколку нови изданија.
Ова е јубилејна година.
Таксират продолжува, а финалето ќе биде во СЦ „Јане Сандански“!
