Друго

Лефти и Рајти си најдоа дом - македонски анимиран филм

Лефти и Рајти си најдоа дом - македонски анимиран филм

Опис

Гала премиера ✨на македонскиот анимиран филм 🎥 за деца “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Сценариото на филмот 🎞️ се базира на сликовниците 📚 на Наташа Дукоска: Лефти и Рајти. 👚 👖 Содржина на филмот: Лефти и Рајти се две облеки, белата блузичка со сина крагничка и три копченца и маслинестите панталони Рајти кои можат да ги носат и момчиња и девојчиња. Дејствието започнува во продавница за облеки, каде доаѓа едно симпатично девојче Мими со мајка ѝ 👧🏻 👩🏻 да купат облека што ќе ја носи Мими на роденден кај другарка. Лефти и Рајти се решени да не се разделат и не се пуштаат додека продавачката сака да ја покаже Лефти на мајката на Мими и на Мими... Дали ќе најдат свој дом и каков ќе биде нивниот дом, пардон, плакар дојдете да го видите овој интересен анимиран филм за деца.📽️ 🎭 Улогите во филмот ги толкуваат: 👚Јелена Јованова – Лефти, мајката 👖Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар 🧶Тања Кочовска – наратор 👧🏻 Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза 🧥 Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката Останати гласови: 👗 Јана Велева 🩳 Александар Г еоргиевски 🎒 Миа Велева Режија: Илија Тодоровски, Сценарио: Наташа Дукоска, Ко-сценарист: Билјана Црвенковска, Арт -дирекција: Хари Дудески, Студио за анимација: Toon Motion Studios (Македонија), Тематска музика 🎶 за филм : Дина Јашари Продукција: зАнимација продукција Продуцент: Снежана Нена Гиевска К реативен продуцент: Наташа Дукоска Дизајн на постер: Владимир Домазетов Копродукција: Minya Film i Animacija (Хрватска) Ко-продуцент: Миљана Драгичевиќ Филмот е поддржан од Агенција за филм на РСМ и од Хрватскиот Аудио Визуелен Центар - HAVC Филмот е од I категорија, 🟢 наменет за целата публика После филмот децата ќе ги запознаат Лефти и Рајти во живо, и следи уште еден настан и изненадување.... Времетраење ⏳: 45 минути 📣 На шарениот тепих пред МНТ предвидено е фотографирање на гостите 📆 28. ноември, 2026, (сабота) 12.00 ч 📍 Македонски Народен Театар (МНТ) 🎟️ 500 ден.

© 2026 Сите Настани