Опис
Некои средби се задолжителни и се прераскажуваат години подоцна. Така е и со секој концерт во Македонија на овие наши драги пријатели.
ТАКСИРАТ ви претставува – легендарните Laibach го промовираат новиот албум Musick во Скопје!
Еден од највлијателните и провокативни бендови на европската експериментална музика не ја изоставува Македонија на мапата на својата голема “LAIBACH MUSICK TOUR”.
Во последниот период објавија песна со Senidah, официјален кавер на Бијело Дугме, како и соработки со младите словенечки бендови MRFY и Koala Voice. На албумот се враќа и нивната долгогодишна соработничка Donna Marina Mårtensson.
Дали Laibach полудеа или повторно, по којзнае кој пат ги поместија сопствените граници, ќе се увериме заедно на 26 февруари 2027 во МКЦ Скопје.
Првиот контингент билети по цена од 1500 денари во ограничен број се веќе достапни на mktickets.mk
