Опис
Во кралството Срцелија владее Црвената Кралица и, според сите официјални податоци, таму сè е прекрасно. Никој не се буни, никој не прашува, а ако некој случајно помисли нешто поинаку – брзо ќе му помине.
Над кралството демнее Црвената Месечина и едно старо пророштво: на својот четириесетти роденден, Алиса мора да го наследи престолот – или Срцелија ќе пропадне. А пророштвата, како што е познато, не се доведуваат во прашање.
Но Алиса има една чудна навика: постојано прашува „зошто?“, како тоа да е најважното прашање на светот. Нејзиното одбивање да се вклопи во однапред зададените правила ги буди оние што кралскиот збор одамна ги убедил дека се бескорисни и ги прогласил за непослушници. И тогаш почнува бунтот. Оние што предолго молчеле, повторно го наоѓаат својот глас. Но колку е краток патот од отпор до нова форма на послушност? Ќе ги изеде ли револуцијата своите деца?
Инспирирана од култниот свет на Луис Карол (авторот на „Алиса во земјата на чудата“), „Алиса се враќа дома“ е современа антибајка која ја носи Алиса во една вознемирувачки препознатлива реалност.
Низ темите на моќта, индивидуалната одговорност и преживувањето во еден затворен микросвет, претставата ја истражува ироничната леснотија со која бунтот може да стане копија на системот против кој се кренал.
Што се случува со престолот кога замира едно кралство?
Автор:
Ивана Смилевска
Режисер:
Моника Ставревска
Драматург:
Александра Бошковска
Асистент на режисерот:
Филип Лафазановски
Продуцент:
Леа Манева
Сценограф:
Ненад Тонкин
Костимограф:
Роза Трајческа
Автор на музиката:
Лука Тошев
Дизајнер на плакатот:
Николас Дајмс
Фотограф:
Филип Лафазановски
Инспициент:
Гоце Бојчев
Суфлер:
Ивана Атанасоска
ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/alisa-se-vrakja-doma/]
Актери
Александар Степанулески
Ангела Пејковска
Ања Митиќ
Биљана Драгиќевиќ-Пројковска
Златко Митрески
Ирена Димеска
Лазар Христов
Марјан Наумов
Нина Елзесер
Соња Стамболџиоска
Томислав Давидовски
Трајанка Илиева-Вељиќ
Филип Трајковиќ
