Опис
Монодрамата „Вирџина“, според текстот на Душан Јанковиќ, во изведба на Марта Ќераниќ, е приказна која ни го открива животот и интимата на една вирџина, која морала да го понесе тешкото бреме на одлуките што другите ги донеле наместо неа. Оваа монодрама не се занимава само со феноменот на вирџините, туку го истражува неискажаното, личното и суштинското во една жена која морала да ја игра улогата на маж. Ова е приказна за идентитетот, силата и непоколебливоста на едно женско дете во одреден историски период во Црна Гора.
Белешка на авторот:
Текстот „Вирџина“ е создаден како потреба од постојано преиспитување на феноменот карактеристичен за нашиот регион, но и од желбата на поинаков начин да му се пристапи на феноменот кој со децении ја привлекува нашата фасцинација. Земајќи ги предвид општествените околности, улогата на патријархатот во општеството и положбата на жената, овој текст има цел, пред сè, да ја деконструира општествено прифатената призма низ која ги набљудуваме вирџините. Овде се запознаваме со интимната исповед на жена во „манифестација“ на маж, го слушаме она што не се изговара и ја преиспитуваме улогата, смислата и историската потреба од наметнување на родовиот идентитет и контрола врз телото во дискурсот на тоа време.
Текст:
Душан Јанковиќ
Игра:
Марта Ќераниќ
Автор на музика:
Верица Чуљковиќ
Изведба на музичката нумера:
Лана Асија Дабовиќ
