Театар и стенд-ап

На чија страна (Театар Улисис, Загреб)

На чија страна (Театар Улисис, Загреб)

Опис

Театарот Улисис, во соработка со Сараевски ратни театар – SARTR и Релстејџ (Realstage), ни ја носи драмата „На чија страна“ на славниот британски драмски писател и сценарист Роналд Харвуд, во режија на Ленка Удовички. Роналд Харвуд започнува да пишува во раните шеесетти години, а својот прв голем успех го постигнува со драмата „Гардеробер“. Светската слава му ја носи сценариото за филмот „Пијанист“, за кое во 2002 година е награден со Оскар. ЗА ПРЕТСТАВАТА Берлин, 1946 година. Канцеларијата на мајорот Арнолд „е остров опкружен со урнатините на градот срамнет со земја од сојузничките бомби“. Пред истражителот во процесот на денацификација стои Вилхелм Фуртвенглер, еден од најголемите диригенти на XX век. Меѓу нив нема едноставна вистина. Речиси три децении поминаа од првата средба на режисерката Ленка Удовички со драмата „На чија страна“ на Роналд Харвуд – во 1998 година, на сцената на Атеље 212 во Белград. Денес, во свет обележан со повторното појавување на фашизмот, под некои нови имиња и знамиња, повторно е важно да си ги поставиме истите прашања: Каде завршува борбата за преживување, а започнува колаборацијата? Дали е можно да се остане неутрален? И дали неутралноста воопшто е невина? „На чија страна“ е драма за одговорноста на уметникот, за моралните компромиси и за границата меѓу уметноста и политиката. Но, пред сè, таа е вознемирувачко преиспитување на човечката потреба да се оправда сопствениот избор во време кога секој избор има последици. ---------------------------------------- ПОВЕЌЕ ПРЕТСТАВИ. ЕДЕН БИЛЕТ. Оваа претстава можете да ја гледате и со блок-билет за РУТА. Изберете пакет од 4 или 6 претстави од главната фестивалска програма и заштедете до 2.100 денари. Погледнете ги блок-билетите » [https://dramski.mk/ruta/] ---------------------------------------- АКТЕРСКА ЕКИПА мајор Стив Арнолд: Озрен Грабариќ Еми Штраубе: Матеа Маврак Тамара Сакс: Џана Џаниќ Хелмут Роде: Албан Укај поручник Дејвид Вилс: Давор Сабо Вилхелм Фуртвенглер: Светозар Цветковиќ Виолончелистка: Белма Алиќ АВТОРСКИ ТИМ Режисер: Ленка Удовички Превод: Ѓорѓе Кривокапиќ Драматург: Емина Ковачевиќ-Подгорчевиќ Сценограф: Лејла Хоџиќ Костимограф: Бјанка Аџиќ-Урсулов Композитор: Најџел Озборн Кореограф: Сташа Зуровац Автор на видео: Адла Исaновиќ Дизајнер на светло: Енди Кракиќ Дизајнер на звук: Давор Роко Асистентка на режисерката: Ајша Ѓухериќ Инспициент: Горан Филиповиќ Фотографии: Франка Телебух

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани