Опис
Театарската претстава „Умри машки“ – комедија според текстот „Не беше петта, беше деветта“ – во режија на Адмир Гламочак, всушност, е приказна за љубовниот триаголник меѓу Ева, Марио и Бруно, раскажана низ мноштво духовити ситуации кои публиката, а понекогаш и самите актери, ги оставаат без здив од смеење.
Текстот го напиша Алдо Николај, а на сцената веќе 34 години брилираат Адмир Гламочак, Татјана Шојиќ и Сенад Башиќ, а од неодамна и Ермин Браво, кој го замени Сенад Башиќ.
Претставата настанала во далечната 1990 година како дипломска претстава на Татјана Шојиќ и оттогаш не престанува да ја полни салата на Камерни театар 55. Досега е изведена повеќе од 550 пати, со што стана **најизведуваната босанскохерцеговска претстава на сите времиња.
----------------------------------------
ПОВЕЌЕ ПРЕТСТАВИ.
ЕДЕН БИЛЕТ.
Оваа претстава можете да ја гледате и со блок-билет за РУТА. Изберете пакет од 4 или 6 претстави од главната фестивалска програма и заштедете до 2.100 денари.
Погледнете ги блок-билетите » [https://dramski.mk/ruta/]
----------------------------------------
АКТЕРСКА ЕКИПА
ЕВА – Татјана Шојиќ
МАРИО – Ермин Браво
БРУНО – Адмир Гламочак
АВТОРСКИ ТИМ
Автор:
Алдо Николај
Режисер:
Адмир Гламочак
Ментор:
Адмир Гламочак
Сценограф:
Владимир Враниќ
Избор на костими:
Озренка Мујезиновиќ
