Театар и стенд-ап

Љубовта на Федра

Љубовта на Федра

Опис

Една жена што сака премногу и свет што заборавил да сака. Во „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн, во режија на Дино Мустафиќ, античкиот мит влегува во сурова современост во која желбата прераснува во опсесија, блискоста станува речиси невозможна, а љубовта се судира со рамнодушноста, насилството и црниот хумор. Наспроти Федра, која чувствува до точка на самоуништување, стои Хиполит, принц кој речиси ништо не чувствува, во свет на отуѓеност, семејно распаѓање и морална празнина. Со Јелена Жугиќ како Федра, Лазар Христов како Хиполит и моќен актерски ансамбл, претставата на Мустафиќ ја носи Кејн без заштитна дистанца, како жесток и возбудлив театарски судир со прашањето што останува од љубовта кога сите нејзини утешни форми ќе исчезнат. Режисер: Дино Мустафиќ Драматург: Викторија Рангелова-Петровска Асистент на режисерот: Димче Николовски Сценограф: Драгутин Броз Костимограф: Антонија Гугинска-Јорданоска Автор на музиката: Влатко Стефановски Избор на музиката: Дино Мустафиќ Авторска музика: Марјан Наумов Томислав Давидовски Гордана Ендровска Лазар Христов Ања Митиќ Сценски движења: Филип Петковски Фотограф: Драган Гајиќ Инспициенти: Жарко Намичев Суфлери: Милка Анчевска ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/fedra/] Актери Александар Степанулески Ања Митиќ Гордана Ендровска Дениз Абдула Јелена Жугиќ Лазар Христов Марјан Наумов Томислав Давидовски

© 2026 Сите Настани