Опис
„Болва в уво“ е најлуда и најзабавна „театарска машина“ за хаос што ја измислил Жорж Фејдо — мајсторот на француската фарса — во режија и адаптација на хит-мејкерот Синиша Евтимов. Еден мал сомнеж, една љубовна несигурност и една болва што ќе се всели во умот, се доволни да го распламтат тркалото на недоразбирањата. Од тој момент натаму, сè се движи со брзина на светлината: погрешни врати, погрешни соби, вистински љубовници во погрешно време и погрешни луѓе на погрешни места. А секој обид да се поправи ситуацијата — ја прави уште полоша.
Оваа претстава е експлозија на енергија, страст и комика. Ќе видите ликови кои трчаат, паѓаат, се кријат, се бакнуваат, се расправаат — и сето тоа со совршено темпирање што ја носи фарсата до апсолутно лудило. „Болва в уво“ е театарска фешта од која нема да сакате да си заминете: смеа до солзи, ситуации од кои не постои излез, и неочекувани пресврти кои ќе ве фатат неподготвени. Ако ви треба вечер што ќе ве одлепи од секојдневието и ќе ви ја врати радоста на живата театарска игра — ова е претставата што не смеете да ја пропуштите. Во Драмски, душата на градот!
Режија и адаптација:
Синиша Евтимов
Сценограф:
Мартин Манев
Костимограф:
Раде Василев
Инспициент:
Жарко Намичев
Суфлер:
Милка Анчевска
ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/bolva-v-uvo/]
Актери
Ања Митиќ
Владимир Петровиќ
Дениз Абдула
Ивана Павлаковиќ
Игор Стојчевски
Јована Спасиќ
Катерина Шехтанска
Лазар Христов
Марјан Наумов
Нина Елзесер
Петар Стојковиќ
Рубенс Муратовски
Стефан Вујисиќ
Томислав Давидовски
