Театар и стенд-ап

Фамилијата Адамс

Фамилијата Адамс

Опис

Фамилијата Адамс е „нормалното“ во ненормалното. Како светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Овие добро препознатливи и ексцентрични ликови со мрачен хумор, сместени во т.н. гробница на светот (каде што се закопани нивните предци) – „танцуваат“ во својата нормалност, во своите вредности за живот и смрт. Овој мрачен дом на Фамилијата Адамс е светилиште каде што се слави смртта, но се слави и љубовта – тајната состојка со која опстојува династијата Адамс. Светилиште во кое и нормалните стануваат ненормални на свој начин. Во денешниот свет, каде што секојдневието станува сѐ поголем хаос, Фамилијата Адамс е можеби симбол за издржливост. Тие остануваат цврсти во својата посветеност еден кон друг, незасегнати од тој надворешен хаос. И така сѐ до крај… сѐ до крајот на животот… а и потоа. Духови: Јована Миладинова Ема Лазарова Луна Миќевиќ Стефан Арсиќ Кристијан Петковски Енис Билаловиќ Анастасија Митровска Мартин Мазнев Автор и адаптација: Теа Беговска Режисер: Теа Беговска Сценограф: Никола Пијанманов Костими: Ратка Џамбазовска-Коцев Раде Василев Музика: Енес Беговски Кореограф: Бојан Лазаров Пиротехничар: Методија Најдоски Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/familijata-adams/] Актери Гордана Ендровска Златко Митрески Ивана Павлаковиќ Маја Вељковиќ-Пановска Марјан Наумов Нина Елзесер Предраг Павловски Сашо Тасевски Томислав Давидовски Трајанка Илиева-Вељиќ

© 2026 Сите Настани