Театар и стенд-ап

Мојот маж

Мојот маж

Опис

Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарниот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сѐ уште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко-режисерскиот концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвора простор за различна театарска перспективност. Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози Режисер: Нела Витошевиќ Драматизација: Нела Витошевиќ Викторија Рангелова-Петровска Драматург: Викторија Рангелова-Петровска Костимограф: Роза Трајчевска-Ристоска Сценограф: Костантин Трпеноски Асистент на сценографот: Моника Ангелевска Избор на музика: Нела Витошевиќ Мајстор на тон: Саше Ѓорѓиев Мајстор на светло: Дејан Блажевски Дизајн на плакатот: Борче Димитриоски Фотограф: Кире Галевски Инспициент: Жарко Намичев Суфлер: Жаклина Цветковска ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/mojot-mazh/] Актери Игор Ангелов Лазар Христов Наталија Теодосиева Сања Арсовска Сара Климоска Трајанка Илиева-Вељиќ Филип Трајковиќ

© 2026 Сите Настани