Театар и стенд-ап

Странци

Странци

Опис

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или, пак, отвора нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира во просторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе? Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ нѐ отуѓуваат еден од друг? „Странци“, по текстот на Паоло Геновезе, е „драмомедија“ во која седуммина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отворајќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Сѐ во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со поствистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Режисер: Нела Витошевиќ Драматург: Викторија Рангелова-Петровска Сценограф: Костантин Трпеноски Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Композитор: Огнен Анастасовски Асистент на режисерот: Александар Ивановски Асистент на сценографот: Димитар Петровски Асистент на костимографот: Раде Василев Изработка на видеоанимација: Милчо Узунов Превод од италијански јазик: Викторија Еленова Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ Викторија Рангелова-Петровска Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска Мајстор на светло: Митко Ризов Мајстор на тон: Димитар Илиоски Фотограф: Филип Кондовски ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/stranci/] Актери Биљана Драгиќевиќ-Пројковска Зоран Љутков Игор Ангелов Ирена Ристиќ Предраг Павловски Сања Арсовска Филип Трајковиќ

© 2026 Сите Настани