Изложби и саеми

Дневен базар во DNEVNA

Дневен базар во DNEVNA

Опис

🧡 ДНЕВЕН БАЗАР во DNEVNA | 25.10. 🍂 Полека заладува, деновите стануваат пократки, а ние веќе бараме мали нешта што ќе ни го направат есенското секојдневие поинтересно. Можеби е тоа винтиџ јакна што ќе ја носиш цела сезона, необична чанта, часовник со карактер, ламба што ќе го смени расположението во собата, парче мебел што не си знаел дека ти недостига, добра книга или некој сосема неочекуван предмет што едноставно ќе те освои. На Дневен Базар бараме интересни работи, уникатни откритија и предмети што заслужуваат нова приказна. ✨ А покрај добриот лов — нашето мало место, дворчето, музиката, храната, пијалаците и луѓето 🫶 📅 Недела, 25 октомври 12:00-16:00 📍 DNEVNA, Лондонска 19, лок. 4 🧺 Сакаш да изложуваш? Пријави се до 21 октомври преку линкот во био. 🛍️ Сакаш да најдеш нешто уникатно и да се дружиш? Save the date!

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани