Предавања и работилници

Промоција на монографијата на Наташа Гелева-Лени

Промоција на монографијата на Наташа Гелева-Лени

Опис

„Она што ја прави исклучително вредна изложбата, се емоциите кои што извираат од фотографиите. Колку полни со животна енергија од чинителите на независна културна сцена, толку будат и емоции поради сознанието дека поминале две децении во кои многу важни луѓе како Хинки, Мирко Попов, Влатче, Лора и Иван Илиев-Бано, повеќе не се со нас. Но, изложбата го доволува и креативниот потенцијал и творби на младите генерации уметници кои сега стасуваат на независната сцена и ќе бидат нејзината иднина. А, тоа е доказ за жилавоста и силата на опстојот на оваа сцена, во која што средствата се секогаш недоволни, често и просторот за работа е неизвесен, но творењето е ослободено од други видови ограничувања и притисоци.“ вели Сотир Трајков од Телма за изложбата „20 години архива на независна културна сцена“ на Наташа Гелева-Лени. Голема благодарност до сите што ни се придружија на синоќешното отворање - атмосферата беше прекрасна! Не заборавајте дека изложбата ќе биде отворена до 28 октомври, а следниов вторник во 19 часот ќе се одржи и промоцијата на монографијата на Наташа Гелева-Лени која содржи богата селекција на фотографии од нејзината значајна архива. Се гледаме! Leni von Geleva Leni von Geleva Photography

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани