Концерти

CAFÉ DEL MUNDO – GUITARIZE: THE WORLD TOUR

CAFÉ DEL MUNDO – GUITARIZE: THE WORLD TOUR

Опис

CAFÉ DEL MUNDO – GUITARIZE: THE WORLD TOUR Двајца виртуози. Две гитари. Едно незаборавно музичко доживување! На 11 декември, Скопје ќе биде дел од светската концертна турнеја на Café del Mundo – германското гитарско дуо кое ја освојува публиката ширум светот со својата неверојатна виртуозност, експлозивна сценска енергија и уникатен музички израз. ШТО ВЕ ОЧЕКУВА? Магичната страст на фламенкото.Виртуозна гитарска изведба и неверојатен музички дијалог Моќна комбинација на традиционални шпански ритми и современ звук Музика исполнета со емоции, темперамент и енергија што се чувствува во секој тон Café del Mundo се познати по својот препознатлив стил, во кој фламенко традицијата се среќава со класичната музика, џезот и современите музички влијанија. Нивните настапи се вистински музички спектакл во кој две гитари создаваат звук што ги надминува границите на жанровите. Ова е концерт за сите љубители на врвната инструментална музика, гитарата и автентичните музички доживувања. 📅 11 декември 2026 🕗 20:00 часот 📍 Македонска филхармонија – Скопје

© 2026 Сите Настани