Предавања и работилници

Промоција на стихозбирката „Меко трње“

Промоција на стихозбирката „Меко трње“

Опис

Промоција на стихозбирката „Меко трње“ од Марија Ангеловска Промотор: Јулијана Величковска Вторник, 20.10.2026 г., 19:30 ч. Галерија МКЦ ‒ Скопје Изданието е поддржано од Министерството за култура и туризам. ‒ Марија Ангеловска е поетеса од помладата генерација македонски поети чиишто поетски остварувања упатуваат на генерациската зрелост што со специфичен сензибилитет и впечатлив поетски набој ги освојува македонските поетски простори. Насловот „Меко трње“ прецизно укажува на важен факт што е главна карактеристика на оваа збирка песни: поетесата одбира суптилни теми што го окупираат современиот човек, своите емоционални искуства ги претвора во вечната борба на чувството и разумот, на конкретното и апстрактното, на физичкото и метафизичкото, на сеопштата дехуманизација и на апокалиптични претчувства („Граници“, „Хаику венец за војната“, „Вести од Газа“ и многу други песни). (...) Марија Ангелоска има „автентична“ структура на песната, не робува на шаблони, ја пушта таа слободно да тече, вдолж и вшир да се разлева низ белината на страницата, а метриката ѝ дава посебна свежина и автентичност во формалните барања при обликувањето на песната ‒ Славе Ѓорѓо Димоски. Марија Ангеловска (1994, Скопје) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (настава, превод и толкување) при УКИМ, Скопје. Пишува проза и поезија. Авторка е на збирката раскази „Глава што лебди“ за која ја доби наградата „Новите!“ за 2021 г. што ја доделува „Темплум“ и на стихозбирката „Меко трње“, издание на „ПНВ Публикации“. Ангеловска годинава ја доби и наградата „Енхалон“ што ја доделува Струшки вечери на поезијата за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Нејзина поезија и проза се застапени во „Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ“ (2022, Темплум), во „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“ (2023, ПНВ Публикации), во регионалната збирка „Рукописи 41“, како и во бројни списанија и онлајн портали. Членка е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал.

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани