Театар и стенд-ап

Кафез кај кокони

Кафез кај кокони

Опис

Француската фарса „Кафез кај кокони“ ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите 70-ти, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост. Автор: Жан Пуаре Режисер: Димче Николовски Костимографи: Раде Василев Елена Вангеловска Сценографи: Димче Николовски Благоја Бошковски-Буцко Кореограф: Кренаре Невзати-Кери Превод: Радмила Јорданова Благоја Бошковски-Буцко Адаптација: Александра Бошковска Благоја Бошковски-Буцко Избор на музика: Александра Бошковска Благоја Бошковски-Буцко Изработка на декор: Ѓорѓи Ѓорѓиевски Илија Николовски Изработка на неонски ЛЕД-знак: Тесла ЛЕД Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска ПОВЕЌЕ ЗА ПРЕТСТАВАТА » [https://dramski.mk/programa/kafez-kaj-kokoni/] Актери Александар Степанулески Златко Митрески Лазар Христов Маја Вељковиќ-Пановска Нела Павловска Петар Стојковиќ Предраг Павловски Соња Стамболџиоска Стефан Вујисиќ Томислав Давидовски Трајанка Илиева-Вељиќ Филип Трајковиќ

© 2026 Сите Настани