Театар и стенд-ап

Театарска претстава „Татко“

Театарска претстава „Татко“

Опис

Аугуст Стриндберг во драмата „Татко“ ги преточува својата огорченост и болното искуство од бурниот брак во безвременска приказна за непомирливите машки и женски принципи, недовербата и деструктивните односи. Во нашето современо толкување, фокусот е на Лаура и на психолошкото насилство на кое е секојдневно изложена. Преку односот со Капетанот, неговата контрола и ограничувања, ја прикажуваме градацијата и ескалацијата на насилството во семејството, отворајќи простор за преиспитување на вината и одговорноста на брачните партнери. Режија: Нина Николиќ Адаптација на текст и драматургија: Тамара Барачков Режија на видео материјали: Борјан Стојков Сценографија: Илина Ангеловска Костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска Музика: Оливер Јосифовски Играат: Саша Ханџиќ Амернис Нокшиќи Тони Денковски Бојан Кирковски Ирена Димеска

© 2026 Сите Настани