Предавања и работилници

Секојдневни решенија за вообичаени проблеми

Секојдневни решенија за вообичаени проблеми

Опис

На 22. ноември, недела, од 16 часот повелете на предавањето на дизајн студиото papairlines во Public Room насловено „Секојдневни решенија за вообичаени проблеми“. На ова предавање Васо Асфи, Костас Бисас и Лукас Ангелу ќе зборуваат за тоа дали „DIY дизајнерите“ (дизајнерите што создаваат сами) се двигателите на промените што ни се потребни во време на прекумерно обработени производи и услуги. Ќе ги споделат и своите сознанија и размислувања по објавувањето на двата тома од книгата „Travelogue: Greek Everyday Solutions to Common Problems“ („Патопис: Грчки секојдневни решенија за вообичаени проблеми“) – публикации што прикажуваат DIY предмети создадени во Грција. Овие предметит отвораат прашања за тоа што можат да значат луксузот, занаетчиството, знаењето и снаодливоста во зората на еден нов свет, во кој вештачката интелигенција станува алатка за делегирање на човечкото размислување, а отворениот дизајн – алтернативен пристап кон производството. Papairlines е првата „авио-компанија“ без буџет, основана во 2011 година од Васо Асфи, Костас Бисас и Лукаc Ангелу. Преку своите „дизајнерски летови“, papairlines го користи патувањето како метафора за поврзување на естетиката и употребливоста, процесот и резултатот, стереотипите и еволуцијата, однесувањето и емоциите. Тие експериментираат преку осмислување искуства што поттикнуваат латерално размислување и прикажуваат алтернативни пристапи кон дизајнот преку различни активности, меѓу кои изложби, предавања, публикации и работилници. Нивното предавање е дел од програмата EDU TALKS на Skopje Design Week 2026 и ќе се одржи на англиски јазик. Влез слободен! Најавете ни го вашето доаѓање на [email protected] Се гледаме на најубавото поктровје, на 50-та Дивизија бр.22 @papairlines

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани