Концерти

MARDUK / Ambroz / Warhammer

MARDUK / Ambroz / Warhammer

Опис

MARDUK Еден збор совршено ги опишува, СТРАВОПОЧИТ! Marduk не се непознати на Македонската публика, а нивниот прв концерт далечната 2007ма во Кастро и ден денес се прераскажува низ андерграундот. После 7 години се враќаат во Скопје да проверат до кај сме и што сме Трошење зборови за најава се непотребни. 35 години позади себе, 15 официјални албуми и уште еден куп други изданија ги имаат зацементирано на екстремниот блек метал трон. Концерт за вистински уживачи! Директна домашна поддршка AMBROZ Исто така бенд на кој не му треба претставување. Титани на Македонската сцена со децении. Симфоничен блек метал без тронка компромис и со разорен звук. Со нов албум во најава, не очекуваат и ствари кои што не сме ги слушале до сега. Тресење WARHAMMER(Gr) Конечно падна договор и со Грчката блек метал машина од Атинското подземје. Бенд кој неуморно коси низ сите континенти по глобусот. Брзо, бавно, атмосферично, хаотично…лудо! Совршен почеток на концерт за паметење. МКЦ 08.10.2026 Инфо за карти наскоро Со огромна почит TERRORVOID PROMOTIONS

Поврзани објави

© 2026 Сите Настани